ХИТОТ КОЈ ГО ЧЕКАВМЕ: Анастасија Ражнатовиќ порачува „не сум хероина“ (ВИДЕО)

од Elena Daskalova

Анастасија Ражнатовиќ денеска на пладне ја објави третата песна со наслов „Хероина“, која доаѓа по двата мегахита „Савршен пар“ и „Ране“.

Се работи за динамична и игрива композиција чиј композитор е Дарко Димитров, а негов е и аранжмаот. Текстот го напиша самата Анастасија заедно со Милан Лаќа Радуловиќ и Бенјамин Крнетиќ. Извршен продуцент и издавач е „Цеца мјузик“.

Овојпат наместо спот, таа објави официјално „lyrics“ видео, а веќе се коментира дека и оваа песна, како и претходните ќе стане вистински хит. Со оваа песна го најавува и својот албум првенец.

„Вадиш песна еднаш годишно и носиш сè пред себе“, „Трендингот ќе грми“, „Албумот ќе гори“, се само дел од позитивните коментари, но секако, ги има и оние на кои не им се допаѓа песната.

Слични содржини