Хоџа: Постигнат е договор со тутунарите за откупот

од Nikola Popovski

Откако во текот на дешениот ден, тутунарите продолжија со блокадите на патот Градско – Прилеп, незадоволни се од проценката на откупувачите, вечерва дојде до договор за подобрување на состојбата со откупот на тутун. Според министерот за земојоделство, Арјанит Хоџа донесен е заклучок, потпишан од сите присутни, со кој се дефинираат целите за следниот перод и се верификуваат заедничките усогласени ставови.

„После неколкучасовна дискусија помеѓу тутунарите и откупните компании, на која учествував и јас заедно со директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Зоран Шапуриќ и градоначалникот на Прилеп, Илија Јованоски денеска во Прилеп постигнавме договор. Според него:

1. Сите откупни линии непречено да вршат откуп на тутун;
2. Во последниве два дена има подобрување на откупот и сите откупувачи се согласни да продолжат и да воспостават флексибилна линија, со тоа што реално ќе се проценува тутунот;
3. Секој ден, министерот Хоџа на транспарантен начин ќе ја објавува откупената количина на тутун и по која цена;
4. Во моментот кога ќе има откупено 75% од вкупната количина, ќе се одржи заеднички состанок на кој ќе се договори решение за откуп на вишокот тутун, за кој првично има согласност од откупните компании дека ќе биде откупен“, соопшти министерот.
Тутунарите го кренаа гласот откако откупувачите почнаа да им нудат пониски цени од оние со кои неколку години по ред им го плаќаа тутунот. Токму ниската цена, големиот одбиток и неправилната проценка која, според тутунарите им ја прават откупувачите, е причината за протестите на тутунарите.

Слични содржини