Хокеарка дои бебе во соблекувална по натпревар

од Vladimir Zorba

Нејзиното име е Сeра Смол. таа е хокеарка од Канада. Дамата објави на нејзината социјална мрежа слика од неа, на која го дои своето мало бебе, Ели. Ова се случува во соблекувалната на нејзиниот хокеј тим, Гроувдејл Вајперс, по натпревар.

Покрај хокеј, Сера е исто така учител во основно училиште во провинцијата Алберта.

„Да се ​​биде мајка е прекрасно чувство. Среќна сум што можам да го правам она што го сакам – да играм хокеј, и заедно со тоа да ги задоволам потребите на мојата мала Ели. Ние сме спортисти, професори, професионалки секоја во секоја област, но пред се сме мајки. И ние го правиме ова истовремено и со љубов“, објасни младата мајка.

Слични содржини