Холивудските дами ќе протестираат со црни креации на црвениот тепих на „Златен глобус“

од desk2

Според информациите до кои дојдоа релевантни странски медиуми, повеќе ѕвезди се договорија да носат црни креации на црвениот тепих како симбол на протест против малтретирањето во Холивуд. Наводно, во дамите кои ќе носат само црно се вбројуваат Мерил Стрип, Ема Стоун и Џесика Частејн.


Во изминатите месеци излезе на виделина дека многу холивудски моќници ја користеле својата позиција за да изнудуваат секс, да малтретираат, па дури и да силуваат. Сè започна со разоткривањето на Харви Вајнстин како сексуален манијак кој злоупотребил десетици актерки, но потоа на листата се најдоа и Кевин Спејси, Брет Ратнер и Луис Си Кеј.

За кратко време, движењето #MeToo го обиколи светот. Многу жени како Лејди Гага, Елен Деџенерис, Рис Витерспун, Емили Ратајковски и Бјорк го искористија хаштагот за да споделат дека биле малтретирани.

Алиса Милано ја популаризира фразата „Me Too“, која вирално се прошири низ над 80 држави во светот. „Ако сите жени кои биле сексуално малтретирани или нападнати напишат ‘и јас’ како статус, можеби ќе им дадеме на луѓето претстава за сериозноста на проблемот“ – напиша таа на Twitter.

Слични содржини