Хоспитализирани нови 12 пациенти во Ковид центрите, 237 пациенти вкупно се лекуваат на инфективните одделенија

Во изминатото деноноќие, во ковид центрите во Скопје се хоспитализрани 12 нови пациенти поради компликации од корона вирусот, информираше Министерството за здравство.

Од таму велат дека вкупно 237 лица сомнителни и потврдени за КОВИД -19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

Во последните 24 часа, на интерните клиники немало приеми.

Во текот на изминатиот ден дома се пуштени шест оздравени пациенти.

Вкупно 237 пациенти потврдени и сомнителни за КОВИД- 19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од пациентите се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 100 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места.

Сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна поддршка.

Слични содржини