Хоти: Обединувањето на Косово со Албанија ќе се случи во ЕУ

од Nikola Popovski

Вршителот на должноста премиер и кандидат на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) за таа позиција, Авдулах Хоти изјави денеска дека обединувањето на Албанците ќе се постигне преку членството на Косово и Албанија во ЕУ.

Коментирајќи ги изјавите на лидерите на Самоопределување и Алијанса за иднината на Косово, Албин Курти и Рамуш Харадинај, за националното обединување на Албанците, Хоти рече дека ЛДК и владата предводена од нив не „експериментирале со државата Косово “.

„Државата Косово е трајна и албанскиот сојуз ќе се случи. Сите Албанци ќе се соберат во евроинтеграциите. Оние кои, особено во овој регион на Косово, зборуваат такви метафори, знаат добро како се прават овие работи “, рече Хоти на предизборниот митинг на ЛДК во Јуник, недалеку од границата на Албанија и Црна Гора.

Тој додаде дека Владата на Косово, која тој ја предводел успеа да го реализира „сонот од првите 30 години косовските војници да им се придружат на американските војници во мировните мисии надвор од Косово“.

„Покажавме како се управува со државата и денес бараме доверба од граѓаните да го продолжиме тоа“, рече Хоти.

Предвремените парламентарни избори во Косово се на 14-ти февруари.

Слични содржини