Хрватски министер најави истрага за лошите градби во Петриња

од Stefanija Kuzmanovska

Хрватскиот министер за градежништво Дарко Хорват најави денеска истрага за повоената реконструкција на куќите во Петриња, кои се срушија во разорниот земјотрес што ја погоди централна Хрватска минатиот вторник.

„Ќе има истраги за реконструкцијата на куќите по војната кои се срушија во земјотресот“, рече Хорват пред владината седница, објави „Нова ТВ“.

Тој не сакаше да одговори на прашањето кога и кој ќе истражува, ниту да го коментира фактот дека сегашниот жупан на округот Сисак-Мославина Иво Жиниќ бил одговорен за реконструкција на таа област во 1995 година.

„Повикувањето на било чива одговорност сега е бесмислено се додека не бидеме сигурни што се случило и кои биле актерите“, рече министерот.

Архитектот Иван Кришиќ за N1 изјави дека законите јасно го пропишуваат методот на градење и дека лошите градби во Петриња по војната можат да се наречат само криминал.

Слични содржини