Хумана манекенка: Бела Хадид подарува облека за бездомниците

од Nikola Popovski

Бела Хадид, една од најпознатите модели денес, се одлучи за хуман гест, за кој зборува целиот свет.

Таа одлучи да донира облека за бездомници, како и за оние луѓе кои немаат пари, наведува „TeenStar“.

Бела се огласила на Инстаграм, објаснувајќи дека се одлучила на ова првенствено поради тешката ситуација што се појави заради пандемијата на коронавирус.

„Овој снег што паѓа е прекрасен, но како станува постудеон, мислам на луѓето кои немаат дом во зима… кои одат на работа секој ден без слоевита облека, мислам на оние кои не можат да си обезбедат топли палта“, изјавила Бела.

„Во оваа тешка година, многу луѓе ги загубија своите работни места, своите домови, и пред се, овој проклет снег им ја отежнува ситуацијата и носи тага и обесхрабрување. Го средував мојот плакар и најдов неколку топли работи, јакни и палта кои ќе ги испратам до „The Peppers Table New York“, кои ќе ја преземат облеката и ќе ја постават низ градот и ќе им ја дадат на луѓето на кои им е потребна. Ќе продолжам да ги поддржувам, особено во текот на зимата“, изјавил моделот и ги повика луѓето да помогнат.

Слични содржини