ХУМАНОСТ НА ДЕЛО: 5-годишно дете продава играчки за да им помогне на жртвите од земјотресот (ФОТО)

од Nikola Popovski

И најмладите учествуваат во бројни акции за помош на настраданите од земјотресот во Петриња.

Доказ за тоа е фотографијата што е направена пред неколку дена во Сплит, а на која се гледа момче кое ги продава своите играчки на импровизиран штанд со цел да донира пари на луѓето од Петриња.

Според Индекс.хр, станува збор за малиот Лав кој има само пет години.

На неговиот мал штанд има натпис: „Вкупниот приход ќе го удвоиме и ќе го донираме на Црвениот крст за да им помогнеме на луѓето од Петриња“.

Фотографијата од детето се појави и на Фејсбук, каде што предизвика големо воодушевување.

„Секоја чест! Дете во Сплит ги продава своите играчки за да донира на луѓето погодени од земјотресот”, стои во описот на фотографијата.

Слични содржини