И „Алфа ТВ“ меѓу работодавачите кои земале помош од државата, а не ги платиле работниците

од Берта Китинска

На списокот на компании кои добиле државна помош, а не исплатиле плати на вработените во декември се најде и телевизија „Алфа“.

Според податоците кои владата вчера ги објави фирмата добила парична помош од 1,775,820 денари за 102 вработени лица.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска во четвртокот информира дека се пратени опомени до компаниите, и предупреди доколку не ја исплатат пмошта, ќе следи присилна наплата со блокада на паричните средства на нивните сметки и пренос на средствата на сметките на вработените и уплатните сметки на УЈП.

Според Законот следат глоби: од 500 до 1000 евра на микро– правно лице, од 500 до 2000 евра за мало правно лице, од 1.000 до 6.000 евра за средно и од 1.000 до 10.000 евра за голем даночен обврзник.

Слични содржини