И Демократскиот сојуз ќе излезе од Владата доколку се прифати францускиот предлог

од Nikola Popovski

Генералниот секретар на Демократски сојуз (ДС), Зоран Димитровски вечерва потврди дека партијата ќе излезе од Владата доколку биде прифатен предлогот на француското ротирачко претседателство со ЕУ.

-Кратко речено да. Го охрабрувам премиерот да каже не за предлогот. Доколку тој тоа не го направи и доколку каже да и рамката помине и ние ја одржиме Првата меѓувладина конференција со сликање, ДС ќе ја напушти Владата. Ваков предлог е неприфатлив од неколку причини, прво ова никако не беше искомуницирано со ДС. Овој предлог е комлетно против македонските национални интереси. Сите работи треба да се прават обострано, а не вака. Не можете вие така арогантно да биде побарано од Македонија што не е европски. Не може од вас да исполнувате стандарди поврзани со малцинствата, рече Димотровски во емисијата „Топ тема“.

Во текот на денот се огласи и лидерот на ЛДП и министер Горан Милевски, кој исто така информира дека ќе ја напуштат владата доколку не биде одбиен францускиот предлог.

Слични содржини