И покрај целосниот локдаун, бројките во Холандија вртоглаво растат седма недела во низа

Бројот на заразени со вирус на круната во Холандија расте седма недела по ред, и покрај „локаутот“, соопштија денеска здравствените власти.

Бројот на новоинфицирани се зголеми за 13 проценти на 51.866, соопшти Националниот институт за здравство (РИВМ) во неделниот преглед, највисоко ниво од почетокот на јануари, објави Ројтерс.

Регистриран е поголем број случаи во сите возрасни категории, но кај лица постари од 80 години, растот е само пет проценти, што РИВМ го припишува на вакцинацијата.

Според податоците на РИВМ, во Холандија, која има 17,3 милиони жители, досега се дадени 2,4 милиони прва и втора доза на вакцина, а предност имаат постарите граѓани.

Забраната за собирање на повеќе од две лица и полицискиот час се во сила од 23 јануари.

Слични содржини