Идентични: Кортни Кокс и Џенифер Анистон како близначки

Како би и посакала среќен роденден, Кортни Кокс на својот Инстаграм профил објави фотографија со Џенифер Анистон.

Иако овие две познати пријателки често се фотографираат заедно и се дружат, оваа фотографија е поприлично различна од останатите.

Имено, и Кортни и Џенифер имаат иста фризура и очила и позираат на потполно ист начин па скоро и да изгледаат идентично.

„Колку и да се трудиш, само една е Џенифер Анистон. Среќен роденден, драга пријателка, те сакам!“, напишала Кортни под фотографијата.

Нејзините фанови биле воодушевени од оваа фотографија и неможеле да поверуваат колку си личат една на друга.

Слични содржини