Идентификувани сите лица кои загинаа заедно со Коби Брајант (фото)

од Nikola Popovski

Светските медиуми ги идентификуваа сите жртви од хеликоптерската несреќа во која загина Коби Брајант, легендарниот кошаркар во НБА.

Коби, неговата 13-годишна ќерка Џијана и уште седум лица, трагично ги загубија животите во Лос Анџелес во хеликоптерска несреќа поради магливото време.

Во прашање се пријатели и соработници на Коби, со кои Брајант отпатувал на својата академија Мамба на тренинг. Хеликоптерот удрил во рид во Калабасас затоа што летал премногу ниско, а пилотот не можел добро да го координира летот и да оствари врска со контролната кула за да ја избегне несреќата.

Меѓу жртвите се бејзбол тренерот, Џон Алтобели, неговата сопруга Кери и ќерката Алис, потоа Кристина Мозер, која беше тренер на Академијата, Сара Честер и ќерка и Пејтон, како и пилотот Ара Зобајан.

Хеликоптерот имал долга патека, минувал и во близина на вилата Кортни Кардашијан, а пилотот Џеред Јохим напишал проштално писмо.

– Тој не беше типичен егоистички пилот-хеликоптер како повеќето од нас. Тој секогаш беше опуштен, мирен, секој знаеше дека од него може да се слушнат само професионални, внимателни и зборови полни со љубов. Со него секогаш имаше смеа, со многу луѓе тој беше во добра врска. Жал ми е што многумина не го запознаа, би го засакале, тоа ви го гарантирам – напиша Јохим.

Пријатели на семејството Алтобели откриле дека Џон редовно летал со Коби и семејството, за да ги придружува натпреварите на неговата ќерка.

Сопругот на Кристин Мозер, Мет, е основач на групата „Тијуана Догс“, една од најпопуларните во округот Оринџ.

-Моите деца и јас сме целосно вознемирени, ја загубивме прекрасната мајка и сопруга во хеликоптерска несреќа.

Слични содржини