Играч од Премиер Лигата сака да објави дека е геј, неговиот клуб го запира

од Vladimir Zorba

Англиски играч од Премиер Лигата сака да открие пред јавноста дека е хомосексуалец. Ова го открива весникот „Сан“, повикувајќи се на извор близу до самиот играч, но во исто време не го открива неговото име.

Но, постои пречка. Неговиот клуб не е многу возбуден околу оваа идеја, и му споделил дека мора да почека додека не добие официјално зелено светло од раководството за да го објави. Тој бил во контакт со шефовите, кои засега не сакаат неговото признание да влијае на сезоната на тимот.

„Ова е огромно решение за него да објави дека е хомосексуалец пред широката јавност, но кога тој им го кажа ова на раководството, тие ја изразија својата воздржана позиција. Клубот го поддржува, но во исто време е загрижен дека може да има негативна реакција на навивачите и на сопствениот, но и на другите тимови“.

“Според лидерите на клубот во прашање, најдобро е играч од друг тим да објави дека е геј, а потоа и нивната ѕвезда“, вели изворот близок до играчот, пред весникот.

Инаку, самиот играч веќе добил поддршка од своите соиграчи, со кого отворено разговарал за темата во последните неколку месеци.

Слични содржини