Илјадници луѓе на белградските улици со барање за поништување на изборите

од Stefanija Kuzmanovska

Пред околу половина час во Белград заврши протестот на иницијативата „ПроГлас“ организиран поради нарушување на изборната волја на декемвриските избори.

Неколку илјади луѓе пешачеа од фонтаната на Теразије до Уставниот суд, попатно симболично покажувајќи им „црвени картони“ на институциите. Претходно пред насобраните се обратија дел од иницијаторите на „ПроГлас“ и политичари, а бурно беше поздравена и потпретседателката на Партијата за слобода и правда, Мариника Тепиќ, која имаше кусо обраќање.

Таа им се извини на насобраните луѓе, бидејќи, како што рече, нема многу што да каже.

„Овие избори мора да се поништат“, кратко навела Тепиќ.

Претходно иницијаторите на „ПроГлас“ ги повикаа сите „едногласно, мирно и одлучно да кажат дека не се согласуваат со прекројување на изборната волја, дека не се согласуваат со обесмислувањето на демократијата и владеењето на правото и дека се не се согласуваат со раѓање на гола автократија во Србија“.

Иницијативата во соопштение потсети дека „поради изневерената изборна волја на граѓаните“ бара во рок од шест месеци да се одржат нови парламентарни и локални избори во Србија, по процес на суштинска промена на изборните услови.

Слични содржини