Илјадници жени во Турција протестираат против Ердоган: „Доста е од оваа патријархална држава“

од Stefanija Kuzmanovska

Илјадници луѓе, претежно жени, протестираа ширум Турција во саботата, барајќи од претседателот Реџеп Тајип Ердоган да се откаже од одлуката за напуштање на Истанбулската конвенција против насилството врз жените.

„Поништете ја вашата одлука, применете ја уредбата!“, скандираа илјадници жени и мажи во истанбулскиот кварт Кадикој. Демонстрантите истакнаа портрети на убиени жени и транспаренти на кои пишуваше „Жените ќе ја добијат оваа војна“.

„Доста е од оваа патријархална држава. Ми се гади од чувство на несигурност. Доста е!“, рече еден демонстрантка.

Помали собири се одржаа во Анкара и Измир, објавија медиумите.

Турција се повлече од Истанбулската конвенција за правата на жените, која има за цел да ги заштити жените од насилство, а одлуката на турскиот претседател беше објавена во официјалниот весник рано во саботата.

Слични содржини