Трендафилов: Квази синдикати се откажуваат од борбата за правата на работниците

По најавите на Синдикатот на образование наука и култура (СОНК) дека нема да учествуваат на првомјаскиот протест, претседателот на Сојузот на синдикати Слободан Трендафилов за „Локално“ изјави дека појавата на квази синдикати е забележана и од Меѓународната синдикална организација

од Vladimir Zorba
25 прегледи Фото: Локално

Синдикати кои одлучија да се оградат од работничката борба и одлуучија Први мај да го одбележат на скапи коктели во скапи хотели не се синдикати, туку квази синдикати, изјави за Локално претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија Слободан Трендафилов, по најавата на Синдикатот на обрзование, наука и култура дека и годинава нема да илезат на протестот што го орагнизира ССМ.

Според него формирањето на жолти сундикати е нотирано и од Меѓународната организација на синдикати, а тоа е нотирано и в извештајот што го објавија лани.

-Генералниот секретар на Меѓународниот синдикат, првиот синдикалец во светот, одвои време иако треба да бира во која држава да отиде каде се најголеми проблемите на работниците, тој дојде во Македонија, затоа што македонските работници имаат најниски плати, мизерни услови и гинат на градилиштата. Ако може првиот човек на светското синдикално движење да дојде во Македонија во поддршка на македонските работници, што прават овие квази синдикалци во Македонија, изјави Трендафилов.

Тој реле дека овие синдикати место да ја поддржат борбата на работниците, дури и се оградиле од  работничките протести.

-Ако сметаат дека Први мај, како што го направија лани и ќе го одбележуваат на скап коктел во скап хотел на грбот и сметка на нивните работници, сметаме дека тоа не е синдикализам, тоа е квазисиндикализам. Не знам што прават работниците во тие синдикати, кои по  2018 година повикаа на протест за зголемување на работничките плати, изјави Трендафилов.

Никој не дава поддршка на ССМ, порача тој, туку се подрржуваат работниците.

-Наша должност и во минатото и сега е да го правиме тоа за што сме формирани. Се спротивно се сведува на бизнис интереси, изјави Терндафилов.

Е.Б.