Инцидент во Чеченија, се огласи Кадиров: „Чим сакате да се борите, ќе ве испратиме во Украина“ (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Бизарен инцидент со уште побизарен епилог се случи изминатиов викенд во чеченскиот град Урус-Мартан.

На улицата на споменатиот чеченски град избила тепачка меѓу полицаец и припадник на специјалните сили. Нивната пресметка го привлече вниманието на бројни минувачи кои ја снимија нивната тепачка, а снимката набрзо се најде на социјалните мрежи.

Пошироката јавност беше прилично забавувана од оваа борба, но нивниот ентузијазам не го дели чеченскиот лидер Рамзан Кадиров, кој нареди да се идентификуваат и лоцираат сите набљудувачи на оваа борба и да се испратат на бојното поле во Украина.

Како што пишува на каналот База на Телеграм, инцидентот се случил откако припадник на чеченските специјалци со својот автомобил почнал да го „обиколува моторот“ пред полицаецот и го испровоцирал поради претходни поплаки.

Размениле неколку зборови по што војникот му удрил шлаканица на полицаецот. Околу двајцата „борци“ набрзина се собрала толпа луѓе и никој не се ни обидел да ги раздели. Сето тоа го налути Кадиров, кој застана на страната на сообраќајниот полицаец.

Припадник на Националната гарда беше брзо приведен, а дополнителни сили беа испратени во градот за да ги фатат набљудувачите на оваа конфронтација.

„Вие што бевте таму, ако сте мажи, сакате да се борите, да војувате… Ќе ве земеме и ќе ве испратиме во областите за специјални операции. Имаме список со имиња. Затоа спакувајте ги работите и подгответе се да одите на специјалната операција. Го покажавте своето вистинско лице, па знаеме како да го продолжиме дијалогот со вас“, порача Кадиров.

Рации во градот започнаа речиси веднаш по инцидентот. Специјалисти сега ги проверуваат документите на возачите на автомобили кои минуваат низ градот во потрага по очевидци на тепачката.

Слични содржини