Инспекциски надзор во градинката во Шуто Оризари по случајот со 11-месечното бебе

од Vladimir Zorba

Извршен е вонреден инспекциски надзор во градинката во Шуто Оризари по случајот со 11-месечното бебе, кое според тврдењето на родителите, било повредено. Задолжена е директорката на градинката да почне постапка за утврдување на фактичката состојба или евентуална вина кај вработените.

– Во врска со случајот со детето од  градинката „8-Април“ во Шуто Оризари,  извршен е вонреден инспекциски надзор, земени се изјави од вработените и согласно Законот за заштита на деца, инспекторите ќе издадат решение за постапување и утврдување на фактичката состојба или евентуална вина на вработените за згрижување за детето. Односно, инспекторите ја задолжуваат директорката на детската градинка да започне постапка за утврдување на фактичката состојба или евентуална вина на вработените за згрижување за детето, велат од Министерството за труд и социјална политика.

Слични содржини