Инсталиран акцелератор на Клиниката за онкологија

од Nikola Popovski

Министерот за здравство Фатмир Меџити информира дека во петокот, 22 декември, е завршена инсталацијата на линеарниот акцелератор на Клиниката за онкологија.

-Акцелераторот е инсталиран на Клиниката за онкологија, исполнивме уште едно ветување. Од страна на производителот и одговорните физичари во установата е потпишан Final Acceptance Certificate – документ со којшто се потврдува дека медицинскиот апарат е инсталиран во целосна согласност со сите спецификации на проектите, составен и инсталиран следејќи ги сите упатства и технички барања согласно производителот Varian Medical Systems. Во наредниот период се очекува воведување во работата и започнување со зрачна терапија на пациентите, вели Меџити.

Клиниката за онкологија периодот е во фокусот на јавноста и по објавените информации од медиумите за злоупотреби со терапиите за пациентите болни од рак, кои наводно се препродавале на црниот пазар.

За случајот, во Собранието беше формирана и Анкетна комисија, а Основното јавно обвинителство Скопје отвори предмет. Во рамки на предистрагата, беа извршени претреси на Клиниката и во два приватни стана од каде беа одземени компјутери и документација.

Слични содржини