Интензивен топлотен бран со рекордни температури во Канада и САД

од Vladimir Zorba

Температурни рекорди беа запишани во неделата во западна Канада, која беше погодена од топлотен бран, како и на пацифичкиот северозападен брег на САД, пренесуваат новинските агенции.

За време на викендот беа поставени над 40 нови рекорди на температура во Британска Колумбија, особено во скијачкиот центар Вистлер.

Литон, исто така во Британска Колумбија, сега го држи апсолутниот рекорд во Канада со 46,6 Целзиусови степени, објави новинската агенција „Environnement Canada“.

Претходно регистрираната највисока температура во Канада беше 45 степени во два града во Саскачеван на 5 јули 1937 година.

Високите температури се очекува да продолжат и во текот на оваа недела.

„Environnement Canada“ издаде предупредување за Британска Колумбија, Алберта и неколку делови на Саскачеван, Јукон и северозападните територии.

„Продолжениот, опасен и историски топлотен бран ќе продолжи во текот на целата недела“, предупредува агенцијата.

„Потопло е во делови на западна Канада отколку во Дубаи“, рече Дејвид Филипс, главен климатолог.

Од другата страна на границата, американските метеоролошки служби исто така издадоа предупредувања за „опасен топлотен бран“ кој најсилно ги погоди државите на северозапад, Вашингтон и Орегон.

Температурите се искачија на највисоки нивоа од 44 степени Целзиусови (112 Фаренхајти) во најголемиот град Орегон, Портланд, во неделата, зголемувајќи ја побарувачката за мраз и климатизација, додека многу ресторани и барови беа принудени да ги затворат вратите.

Округот Мулнома, кој го вклучува Портланд, отвори 11 итни „засолништа за ладење“, повеќето во јавните библиотеки, каде што жителите без климатизација би можеле да избегаат од неподносливата топлина.

„Оваа топлина е опасна по живот“, рече официјалниот претставник воокругот Џенифер Винс.

Гувернерот Кејт Браун ги олесни мерките за публиката во театрите, базените и трговските центри пред топлотниот бран. Базените се покажаа како популарен избор за многумина кои бараат ладење во недела, како и јавните фонтани.

Државите Орегон и Вашингтон се инаку типично умерени региони каде што многу домови и продавници може долго време да останат без ладење.

Слични содржини