Интер доби сериозно засилување во борбата за титулата

од Nikola Popovski

Германскиот репрезентативец Робин Госенс ​​е нов фудбалер на милански Интер.

Информацијата ја објави познатиот фудбалски инсајдер Фабрицио Романо на својот Твитер профил.

Госенс ​​во Интер ќе дојде на позајмица од Аталанта, но миланскиот клуб ќе го купи на крајот од сезоната за 25 милиони евра.

Германецот моментално е повреден, но наскоро се очекува негово враќање на терените.

Во Аталанта помина четири и пол сезони, а забележа 13 настапи со два гола и асистенции.

За германската репрезентација играше 13 пати, со два гола и четири асистенции.

Интер моментално е прв во Серија А со четири бода повеќе од второпласираниот Наполи кој има натпревар повеќе.

Слични содржини