Интерактивна мапа: Еве на кои места ќе се врши достава на храна, намирници за време на полицискиот час

од Берта Китинска

Град Скопје во соработка со GDI Skopje изработи интерактивна мапа за достава на храна, намирници и лекови за време на полицискиот час на територијата на сите скопски општини.

На мапата ќе ги најдете сите дејности што ви стојат на располагање во вашата општина, и во согласност со вашите потреби може да направите онлајн или телефонска нарачка за достава. Исто така, важно е да се напомене дека оваа мапа постојано ќе се надополнува со нови информации и дејности, велат од Градот.

Слични содржини