Интервју на Бритни Спирс со Опра Винфри – лажна надеж за обожавателите

од Stefanija Kuzmanovska

Бројни новинари, документаристи, обожаватели би биле подготвени да ја слушнат приказната за пејачката Бритни Спирс, која со години води правна битка со нејзиниот татко Џејми Спирс, кој управува со целиот нејзин имот. Сепак, Бритни сè уште молчи.

Откако Меган Маркл и принцот Хари зборуваа во интервјуто со Опра Винфри, јавноста вршеше притисок врз Бритни да даде слична изјава, но таа, според „Дејли меил“, нема интерес за телевизиско интервју од таков вид.

Сепак, пејачката наводно има желба да ја раскаже својата страна на приказната, единствено прашање е во кој формат тоа може да се случи.

„Натписите дека Бритни размислува за големо интервју за да ја раскаже целата нејзина приказна се претерани и им даваат лажна надеж на обожавателите кои ја повикаа да излезе во јавноста по интервјуто на Хари и Меган“, изјави за Us Weekly извор близок до Бритни.

„Дејли меил“ пишува за друг извор кој има слични тврдења и вели дека Бритни ќе бара некој алтернативен формат за да ја раскаже својата приказна.

„Бритни не спомнува интервјуа. Но, таа сака да разговара, а тоа можеше да го направи преку социјалните мрежи, со помош на нејзиното момче Сем Асгари на неговите платформи, во случај да дојде до некоја итна ситуација“, изјави другиот извор.

Слични содржини