Иран: Израел ќе плати за нападот во Сирија и убиството на офицерот

од Milan1

Иранските власти денеска најавија дека ќе се одмаздат за израелскиот воздушен напад во Сирија, во кој загинаа четири лица, меѓу кои и двајца офицери на Иранската револуционерна гарда.

Сириските државни медиуми објавија дека другите две жртви на нападот врз Дамаск во понеделникот биле цивили, додека Сириската опсерваторија за човекови права, со седиште во Британија, ги идентификувала како членови на проиранската сириска милиција, пренесува „Ројтерс“.

Опсерваторијата соопшти дека двајцата убиени Иранци припаѓаат на елитните ирански сили Кудс.

Слични содржини