Ирска потврди дека е откриен новиот вид коронавирус од Јужна Африка

Три случаи на новиот вид коронавирус кој неодамна беше откриен во Јужна Африка се потврдени во Ирска, а сите се поврзани со неодамнешните патувања во оваа земја, пренесува Ројтерс.

Официјалните лица ги повикаа сите оние кои пристигнаа од Јужна Африка во блиска иднина да стапат во самоизолација 14 дена и да се тестираат што е можно побрзо.

Ирска оваа недела го потврди зголеменото присуство на нов вид на коронавирус, кој за првпат беше откриен во Велика Британија.

Земјата потврди најголем број нови случаи за еден ден од почетокот на пандемијата – 8.248, но експертите наведуваат дека постојат рани индикации дека ширењето на вирусот се забавува благодарение на мерките за карантин.

Слични содржини