Ирвинг ги напушта Бруклин, не сака да се вакцинира

од Nikola Popovski

Ситуацијата е искомплицира. Кошаркарот Кајри Ирвинг е категоричен дека нема да се вакцинира против коронавирусот и се чини дека ќе мора да го напушти Бруклин Нетс доколку сака да игра кошарка.

Впрочем, во последните неколку часа се појавија информации кои велат дека Нетс се заинтересирани да прифатат евентуална добра понуда, а интерес постои. Наводно го покажале Филаделфија и Њу Орлеанс.

Според инсајдерот Шамс Чаранија, ниту Ирвинг не е подготвен да го промени своето мислење за вакцинацијата, ниту пак Нетси планираат да го променат ставот и да го држат надвор од тимот.

„Кајри Ирвинг не е блиску да се вакцинира и нема да игра кошарка доколку не биде трејдуван, освен ако Нетси не дојдат и не кажат дека може да игра на гости и само да тренира на домашен терен. Но, тоа нема да се случи. Доколку не се вакцинира, Ирвинг повеќе нема да игра за Нетси“, изјави Чаранија.

Ќе видиме дали е можно да се случи помасовен трејд. Се споменува дека Ирвинг би можел да оди во Филаделфија (град кој не бара задолжителна вакцинација), така што во целата приказна Зион Вилијамсон би завршил во Бруклин, а Бен Симонс во редовите на Пеликанс.

Слични содржини