Исјановски: Закажаниот термин за вакцинација може да се промени за 3 или 6 дена, доколку сте задоцниле од некои причини

од Nikola Popovski

„Немаме некои негативни реакции од вакцинацијата, освен оние 3-4 случаи, кои се појавија во јавноста. Тие беа од возбуда, едното од лицата од самото раѓање имал страв од инјекции и затоа колабрирал, додека едно лице од МВР кажа дека цела вечер бил на работа и дека не е појадуван“, изјави директорот на Здравствениот дом Скопје и раководител на целата масовна имунизација во земјава, д-р Виктор Исјановски за емисијата „Утрински брифинг“.

Според него, граѓаните покажуваат поголема заинтересираност, а процентот на оние што не доаѓаат на закажаните термини е во пад.

„Мораме да земеме во предвид дека ако не дошло на терминот, лицето е нешто настинато, може се заразило во меѓувреме или од други икс причини, поради кое не може да дојде тој ден. Закажаниот датум може да се промени за 3 или 6 дена, ако сте задоцниле, затоа што вашиот матичен лекар веќе закажал и дал упат и ве има во системот на Мој термин. После тоа тој само треба повторно да ве стави во системот, за после 7 дена да дојдете на имунизација“, потенцира Исјановски.

Слични содржини