Исклучени два блока во РЕК Битола

од Nikola Popovski

Проблем во трафостаницата на МЕПСО што се наоѓа во непосредна близина на РЕК Битола, рано утрово предизвика испад на Блок 1 и Блок 3 од електроенергетскиот систем, известија од ЕСМ.

– Веднаш по инцидентот преземени се сите мерки и активности за санација на оштетените делови во РЕК Битола, по што започнаа операции за враќање во функцијата на двата блока. Се очекува во претпладневните часови постројките да бидат повторно на мрежа и да испорачуваат електрична енергија, велат од ЕСМ.

Заради сличен проблем во електропреносниот систем, во ноември 2021 година беше тешко оштетен трансформаторот на Блок 3 на РЕК Битола и постројката беше надвор од функција повеќе од една година.

Овојпат, велат од ЕСМ, нема сериозни штети врз опремата на РЕК Битола, а стручни лица од РЕК Битола и АД МЕПСО работат на утврдување на точните причини за денхешниот инцидент.

Потребите на потрошувачите за електрична енергија во моментов се задоволуваат од домашните капацитети на АД ЕСМ, се додава во соопштението.

Слични содржини