Исповед на Бијонсе за темната страна на славата: „Се борам со несоница“

од Stefanija Kuzmanovska

Во интервју за „Harper’s Bazaar“, Бијонсе зборуваше за нејзината работа и успех низ годините. Меѓу другото, таа рече дека секогаш се борела да ја заштити својата приватност бидејќи од тоа зависи нејзиниот квалитет на живот.

„Воздржана сум, освен со луѓето кои ги сакам и им верувам. Оние кои не ме познаваат и никогаш не ме запознале, би можеле да ме разберат како многу затворена личност“, рече Бијонсе, пренесува Ен -Би -Си Њуз.

„Во овој бизнис, многу од вашиот живот не ви припаѓа вам, освен ако не се изборите за тоа“, додаде пејачката.

Таа рече дека најголемиот предизвик за нејзината кариера е родителството.

„Мислам дека, како и многу жени, чувствував притисок да бидам столбот на моето семејство и мојата компанија и не разбрав колку тоа влијае на мојата ментална и физичка благосостојба. Не сум била секогаш приоритет за себе“, рече Бијонсе.

„Се борам со несоница повеќе од половина живот поради турнеи. Тука се и години на губење на мускулите поради танцување во потпетици. Исто така, стрес на мојата коса и кожа, од спрејови и бои, топлина од фигара и тешка шминка додека се потем на сцената“, додаде таа.

На крајот, таа рече дека се обидува да биде опкружена со луѓе кои се искрени, и од кои може да научи нешто. Рече дека ја наследила упорноста од нејзините родители кои работеле напорно.

Слични содржини