ИСПОВЕД НА ДОКТОРОТ НА МАРАДОНА: Мораше да биде сместен во центар за рехабилитација, но тој не сакаше

од Stefanija Kuzmanovska

Веста дека личниот лекар на Диего Армандо Марадона, Леополдо Лук, е под истрага за смртта на славниот Аргентинец кој почина на 25 ноември, одекна како бомба во Аргентина. Според аргентинските медиуми, Лук сè уште не е обвинет, но за време на судењето беа прочитани неговите права и целиот случај беше спроведен како да е против него официјално поднесено обвинение. Откако бил приведен, Лук истакнал дека сторил сè што можел.

– Сакате да знаете зошто сум одговорен? За фактот дека го сакав, дека се грижев за него, дека му го продолжив животот и го направив подобар – рече Лук на прес-конференцијата и откри дека тој не бил избран лекар на Марадона. – Јас сум неврохирург. Се грижев за него по операцијата. Горд сум на сè што направив. Нема што да кријам. Јас сум на располагање на судството.

Леополдо Лук истакна дека Марадона не сакал да соработува со цел да се опорави што е можно побрзо по операцијата што ја имаше пред неколку недели.

– Требаше да оди на рехабилитација. Марадона мораше да биде сместен во центар за рехабилитација. Но, тој не сакаше. Тој не можеше да биде наговорен на ништо. Тој дури и не сакаше помош од физиотерапевт. Психијатарот побарал брза помош секогаш да биде пред неговата куќа. Не знам кој е виновен за тоа што немаше брза помош тој ден – потенцираше Лук.

Слични содржини