Исповед на жителот од Петриња кој 45 минути се обидувал да ја оживее 13-годишната Лаура: „Испив 100 таблети“

од Nikola Popovski

Кога разорниот земјотрес со јачина од 6,2 Рихтер го погоди Петриња на 29 декември во 12:19 часот, Динко Радучевиќ беше на улица.

Додека градот се тресеше, Радушевиќ забележа дека дел од зграда се сруши врз девојче од другата страна на улицата.

– Сето тоа беше полно со цигли. Целиот тој објект падна врз неа – изјавил тој за емисијата „Провјерено“ на Нова ТВ.

Радушевиќ потрчал кон девојчето, во обид да ѝ помогне. Како што изјавил за „Провјерено“, сите му рекле да се тргне од неа, но тој не можел да го стори тоа. Тој сакал да се обиде да ја спаси.

„Прво го почувствував нејзиниот пулс. Таа сè уште беше жива. Се обидов да ја оживеам цели 45 минути. Подоцна дојде брза помош, кои пробаа сè, но за жал не успеааа“, раскажал Радушевиќ

Тринаесетгодишната Лаура Цвијиќ починала и покрај нивните напори.

„Тука беа тетка ѝ и баба ѝ. Бабата беше во тешка состојба, тетката врескаше, а родителите дојдоа подоцна. Кога дојде мајката, праша што рекла нашата Лала, дали праша за нејзината баба, дедо, дали беше жива? Да, таа беше жива. Само да знаете, таа беше жива“,  изјавил Радучевиќ.

Цвијиќ е најмладата од седумте жртви на разорниот земјотрес во најпогодената хрватска област.

Радушевиќ не спиел од денот на земјотресот. Тој пие апчиња бидејќи сцените од разурнатиот град и починатото девојче редовно му се појавуваат во соништа.

„Испиб 100 апчиња. Вчера дојдов овде на ова место 40 пати. Не спиев многу долго и нема да спијам уште долго време. Лала е во рајот и ја чуваат ангели. На овој начин, би сакал да го замолам градоначалникот, г-дин Даринко Думбовиќ, никогаш да не го тргне каменот што го поставив тука, да се посвети на девојчето која е прва жртва на тој најтежок земјотрес“, рекол Радучевиќ.

Лаура Цвијиќ беше погребана на гробиштата во Петриња неколку дена по страшниот земјотрес.

Слични содржини