Историја во Токио: Американка и Бразилец – први шампиони во сурфање

од Nikola Popovski

По натпреварувањето во скејтбординг, беа доделени медали во Токио во друг дебитански спорт.

Американката Кариса Мур и Бразилецот Итало Фереира влегоа во историјата како први олимписки шампиони во сурфање откако триумфираа на Игрите во Токио.

Мур во финалето ја победи Бјанка Буитендаг од Јужна Африка, додека Фереира беше подобар од Јапонецот Каное Игараши.

Бронзениот медал во женска конкуренција го освои Амуро Тузуки од Јапонија, а во машка конкуренција Австралиецот Овен Рајт.

Слични содржини