Историски модел: Колку чини зелениот фустан на Џенифер Лопез?

од desk4

Популарниот зелен фустан кој Џенифер Лопез го носеше на доделувањето на Греми во 2000 година е историско парче облека за кое никогаш не престана да се зборува.

За волја на вистината, прва го облече Гери Халивел, но не успеа да го носи толку добро како Џеј Ло. Деветнаесет години подоцна, Версаче го редизајнираа овој фустан и секако, повторно го облече атрактивната актерка и пејачка.

Фустанот сега е достапен и во продавниците на Версаче, а може да ја купат оние кои се подготвени за тоа задоволство да издвојат ни помалку ни повеќе, туку 8.500 евра.

Реплика од овој фустан веќе се наоѓа во модниот музеј Бат. Дизајнот е на Донатела Версаче и многумина го опишуваат како нејзина отскочна даска во модниот свет, по смртта на нејзиниот брат Џани.

Слични содржини