Италија: Поради поврзаност со мафијата, 200 лица осудени на 2.200 години затвор

од Stefanija Kuzmanovska
347 прегледи

Повеќе од 200 луѓе беа осудени на 2.200 години затвор во еден од најголемите судски процеси против членови на мафијата кој некогаш бил одржан во Италија.

Судењето траеше три години, а тие беа осудени за нивната поврзаност со Ндрангета, една од највлијателните криминални организации во Европа.

Тие беа осудени за различни кривични дела, од изнуда до трговија со дрога.

Меѓу осудените е и поранешен италијански сенатор, иако пресудите се уште може да се обжалат.

Случајот покажа колку е раширено влијанието на мафијата во општеството и политиката на југот на Италија.

Меѓу осудените има и таканаречени бели јаки – локални функционери, бизнисмени и политичари, што укажува на далекосежното влијание на организираниот криминал врз институциите.

Меѓу другото, осуден е Џанкарло Пители, адвокат и поранешен сенатор на партијата Форца Италија (Напред Италија) на поранешниот премиер Силвио Берлускони, кој почина на 12 јуни 2023 година.

Пители доби 11 години затвор поради вмешаност во мафијашки бизниси.

Меѓу осудените има државни службеници, професионалци од различни бизнис сфери и високи функционери, кои биле клучни за инфилтрацијата на Ндрангета во економијата и државните институции.

Повеќе од 100 обвинети беа ослободени.

Судиите кои ја изрекоа пресудата биле ставени под полициска заштита.

Слични содржини