Италијанскиот министер Тајани: Тоа би било прогласување на третата светска војна

од Симе Стоиков

Опцијата за испраќање војници на НАТО во Украина би била потенцијална закана од избувнување на Третата светска војна, изјави денеска италијанскиот министер за надворешни работи Антонио Тајани.

Тајани додаде дека одењето во војна против Русија значи ризик од трета светска војна, отфрлајќи ја можноста италијанската армија да оди во Украина да се бори против рускиот напад, пренесе Анса.

„Ние сме за одбрана на меѓународното право и украинските слободи, но не сме за војна со Русија. На Киев му даваме воена, економска и техничка помош од различен вид, меѓутоа, влегувањето во војна ми се чини грешка, а сите Италијанци, како и сите разумни луѓе, не го сакаат ова“, истакна Тајани.

Тој изјави дека италијанските војници прават добра работа во Црвеното Море за да ги заштитат трговските бродови од нападите на Хутите.

„Италијанските војници прават добра работа во Либан, Африка и Ирак, тие се носители на мирот и слободата, но Италија не е во војна со Русија“, рече Тајани.

Слични содржини