Италијанците од градот Болоња ги молат туристите да не нарачуваат шпагети болоњезе и тврдат дека таков рецепт не постои

од desk2

Шпагетите во болоњезе-сос се омилено јадење во светот, но доколку се обидете да ги нарачате во градот на Вирџинио Мерола, нема да имате среќа.

Иако многумина се свесни за италијанскиот темперамент, се чини дека Италијанците секогаш може да изненадат со едно ниво повеќе.

Имено, градоначалникот на Болоња прави сè за да објасни дека шпагетите во болоњезе-сос не потекнуваат од неговиот град.

„Шпагети болоњезе всушност не постојат, а иронија е тоа што се светски познати“, изјавил градоначалникот Мерола за „Раи“ и додал дека жителите на Болоња сакаат светот да ги познава по тортелините и лазањите, кои се измислени во овој град.

Колку Мерола е ангажиран во однос на ова прашање, говори и фактот што на социјалните мрежи поведе кампања во која му објаснува на светот дека шпагетите болоњезе не само што не потекнуваат од неговиот град туку и практично не постојат.

Слични содржини