Иванов: Не жалам за напишаниот статус, Владата не погреши кога ме разреши

од Nikola Popovski

„Не жалам за напишаниот статус во кој беа спомнати Захариева и Бакојани. Само ме изненади реакцијата од бугарските граѓани, беа жестоки“, изјави новинарот Зоран Иванов за емисијата „Само вистина“.

Според него, македонската и бугарската влада го оквалификуваа ова како говор на омраза, но тој не смета така.

„Често пишувам со метафори. За мене нема поголем говор на омраза од тоа кога некој те негира во самото битие, во суштината на човекот. Малку повеќе ме погоди страста со која Захариева соопшти дека нема Македонци и дека сме вештачки измислени“, вели Иванов.

Тој потенцира дека македонската Влада не погрешила кога го разрешила од функцијата член на надзорен одбор на МИА.

„Во Бугарија беше претставено дека сум имал некоја голема функција, а јас всушност бев еден од 5000 такви личности што работата во земјава“, изјави Иванов.

Слични содржини