Избегната ТРАГЕДИЈА: НБА sвезда го спаси синот од давење во базен (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Американскиот кошаркар Андре Драмонд преживеа вистинска драма додека се одмараше со семејството и пријателите дома.

Имено, дружењето за малку ќе се претвореше во трагедија бидејќи неговиот двегодишен син падна во базенот, а за само неколку секунди, Драмонд се фрли и го спаси своето дете.

„Не сите херои носат наметка“, напиша Драмонд, кој самоиницијативно го сподели ова видео.

Двојниот учесник на НБА Ол-стар натпреварите, според многумина и еден од најдобрите центри во светот, рече дека тоа е најголемиот кошмар на еден родител, и дека никој не е повреден.

Слични содржини