Избегнувајте ги овие 5 пијалоци додека земате антибиотик

од Stefanija Kuzmanovska

Антибиотиците се лекови кои го спречуваат растот на бактериите и се користат во третманот на бактериски инфекции. Тие се сметаат за едно од најголемите достигнувања на 20 век, а правилното користење е од клучно значење.

Ако земате антибиотици премногу долго или самостојно, односно без пропишан рецепт, може да се случи лекот да не делува правилно, односно бактериите да станат отпорни. Влијанието на исхраната врз дејството на антибиотиците не е занемарливо.

Експерти од Германската медицинска комора препорачуваат кои пет пијалоци треба да ги избегнувате.

Млеко

Млекото и млечните производи се богат извор на калциум што може да ги наруши ефектите на лековите, особено антибиотиците.

„Некои антибактериски агенси се врзуваат за калциумот во цревата и создаваат сложени молекули кои се толку силни што не можат да навлезат во крвотокот низ цревниот ѕид“, објаснуваат лекарите и додаваат дека најдобро е да се избегнуваат млечни производи два часа пред и по земањето антибиотици.

Алкохол

„Алкохолот може да го намали или зголеми дејството на лековите, а антибиотиците не се исклучок. Ако се консумираат заедно, може да се појават главоболки, гадење и повраќање“, вели еминентниот германски експерт д-р Томас Лошер.

Минерална вода

Минералната вода содржи многу минерали, како што се калциум, железо и магнезиум. Исто како и со калциумот во млекото, во овој случај, минералите можат да се врзат за активните состојки на антибиотиците и да ги претворат во неефикасни. Затоа, минералната вода треба да се избегнува два часа пред и по земањето антибиотици.

Овошен сок

Овошните сокови не се добра комбинација со антибиотици, бидејќи тие можат да содржат одредени ензимски инхибитори кои можат да го нарушат метаболизмот на некои лекови во црниот дроб.

Кафе

Дејството на пијалоците како што се кафето, црниот и зелениот чај или енергетските пијалоци, може да биде засилено со употреба на антибиотици, што може да резултира со побрз ритам на срцето и отежнато спиење.

Слични содржини