Избори во Словенија: Противникот на Јанша убедливо води

од Nikola Popovski

Според последните излезни анкети спроведени за РТВ СЛО, ПОП ТВ и 24-ур, партијата „Покрет Слобода“ на чело со Роберт Голоб, главниот противник на актуелниот премиер на Словенија Јанез Јанша, има предност на изборите во Словенија и победува со околу 35,8 отсто, додека СДС на Јанша има 22,5 отсто од гласовите.

Според овие резултати, во парламентот влегуваат пет партии, а треба да се напомене дека 42 мандати колку Голоб што освоиле е апсолутен рекорд.

Излезноста на гласачите на овогодинешните избори во Словенија е исклучително висока. Дури 49 отсто од словенечките гласачи излегоа на гласање до 16 часот, додека пред четири години вкупната излезност беше 51 отсто.

Слични содржини