Избран нов шеф на скопското Јавно обвинителство

од Nikola Popovski

Поранешниот специјален јавен обвинител, Гаврил Бубевски е избран за нов шеф на скопското Јавно обвинителство. Бубевски ги застапува предметите „Насилство во Центар“ и „Монструм“.

Тој доаѓа на местото на обвинителот Сашо Рајчев кој пак уште во април 2021 година беше избран за Виш јавен обвинител.

Бубевски беше дел од поранешното СЈО, а потоа ја продолжи својата работа во скопското Обвинителство.

На денешната седница на Советот на јавни обвинители одбрани се и јавни обвинители во државното Јавното обвинителство, а дел од него ќе бидат Соња Симовска и Љупчо Коцевски.

За јавен обвинител во ВЈО Штип е избран Стевчо Донев, јавен обвинител во ОЈО Кочани, а за основен јавен обвинител на ОЈО Тетово е избран Бесир Алиу, јавен обвинител во ОЈО Тетово, објавено е на веб-страната на Советот на јавни обвинители.

Слични содржини