Избрани идеалните 11 од групната фаза на ЕУРО

од Stefanija Kuzmanovska

Идеалната постава беше објавена денес по групната фаза на Евро 2020.

Најдоминантна е селекцијата на Холандија, која има дури тројца играчи во најдобрите 11, а по нив следуваат Белгијците со 2, додека другите селекции имаат по еден играч.

Еуро 2020 – идеални 11:

Храдецки (Финска), Шоу (Англија), Алаба (Австрија), де Лихт (Холандија), Муниер (Белгија), Локатели (Италија), Де Бруин (Белгија), Вијналдум (Холандија), Депај (Холандија), Шик (Чешка), Роналдо (Португалија).

Досега водечки стрелец на Евро е Кристијано Роналдо со 5 постигнати голови, додека на второто место се пет играчи со по три гола: Форсберг, Левандовски, Лукаку, Шик и Вајналдум.

Слични содржини