Изгласана новата црногорска влада

од Vladimir Zorba

Новата Влада на Црна Гора беше изгласана во Парламентот на Црна Гора. Здравко Кривокапиќ е новиот премиер на земјата.

Гласаа 70 пратеници – 41 пратеник беа „за“, 28 беа „против“, додека еден пратеник беше воздржан.

По заклетвата, премиерот им се заблагодари на пратениците за поддршката и рече дека се надева дека нивната заедничка работа ќе биде во прилог на Црна Гора.

„Работа, ред и одговорност треба да бидат мерка на оваа влада“, рече премиерот.

Во претходното обраќање пред пратениците, Кривокапиќ ги повика сите да се обединат, оценувајќи дека тоа е „мерка за Црна Гора“.

„Мојата Црна Гора е Црна Гора на сите нас и ќе победиме само заедно. Ова не е ниту авантура, ниту експеримент, туку нешто што треба да ја рационализира администрацијата во која се вработени партиски кадри. Целиот систем е партизиран и тоа не може да се реши преку ноќ. Заедништвото е мерка за нашата иднина, и ако ја изгубиме денес, никогаш нема да ја вратиме“, рече Кривокапиќ.

Слични содржини