„Изгледа бизарно“: Ким Кардашијан повторно цел на критики поради користењето на фотошоп (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska
187 прегледи

Старлетата Ким Кардашијан често е цел на критики поради тврдењата дека користи премногу фотошоп.

Сега нејзините следбеници на Инстаграм повторно упатија низа навредливи коментари откако Ким објави фотографија во костим за капење.

Имено, тие тврдат дека старлетата изгледа „чудно“, и дека е евидентно дека „нешто не е во ред“ со фотографијата.

„Изгледа бизарно“, „Има нешто чудно со фотографијата“, „Зошто не објавиш вистинска фотографија, никој нема да те обвини?“, „Се прашувам дали е свесна дека можеме да видиме колку лошо се фотошопирани нејзините фотографии“, се само неколку од коментарите.

Слични содржини