Изненадувачки: Мареј откри што ќе прави кога ќе се повлече од тенисот!

од Stefanija Kuzmanovska

Прославениот британски тенисер Енди Мареј никако да се врати на патот кон успехот. Двократниот победник на Олимписките игри и сопственик на три Гренд-слема (два Вимблдон и УС Опен) по повредата не е ни сенка на играчот кој беше прв во светот на 7 ноември 2016 година.

Бидејќи неговата кариера е при крај, Британецот зборуваше што може да направи кога ќе се збогува со белиот спорт.

– Јас навистина го сакам голфот, па затоа би било многу возбудливо за мене да бидам во улога на „кеди“ на голф-турнејата. Да се биде близу до професионални голфери, да научите друг ваков спорт, би било одлично. Верувам дека постои меѓусебна врска помеѓу двата спорта на ментална основа, па некако би можел да му помогнам на голферот. Исто така, размислувам, да речеме, да започнам да учам за фудбалски тренер, мислам дека тоа би било многу забавно и за мене – изјави Мареј.

Слични содржини