Изненадување: Руни подготвен да работи за Сити

од Vladimir Zorba

Поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед и Англија, Вејн Руни изјави дека е подготвен да работи како помошник на менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола.

„Ако дојде Гвардиола и побара од мене да му бидам помошник, ќе се согласам. Гледате што прави Микел Артета во Арсенал сега и сигурен сум дека многу од тоа е затоа што научи од Гвардиола, па се зависи од ситуацијата“, рече Руни, цитиран од „Индепендент“.

38-годишниот Англичанец, исто така, го нарече Гвардиола најдобриот тренер. „За мене најдобар тренер е Пеп. Погледнете како се адаптираше, како игра Сити сега. Не е како пред четири години. Тој прави промени постојано“, рече Руни.

Откако се повлече од играњето, Руни беше тренер на Дерби Каунти, ДЦ Јунајтед и Бирмингем, кои ги напушти на почетокот на 2024 година.

Англичанецот тогаш најави дека ќе паузира од тренерската работа.

Слични содржини