Израел објави: Убиени се околу 90 терористи на Хамас

од Симе Стоиков

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска објавија дека досега убиле околу 90 терористи на Хамас во тековниот напад на болницата Ал Шифа во градот Газа.

ИДФ соопшти дека за време на операцијата, која започна во понеделникот наутро, израелските сили во вторник елиминирале терористи и лоцирале оружје во областа на болницата, притоа спречувајќи повреди на цивили, пациенти и медицински тимови, објави „Тајмс оф Израел“.

ИДФ истакнува дека израелските разузнавачки агенти испрашувале повеќе од 300 осомничени терористи во болничкиот комплекс и дека повеќе од 160 од нив биле однесени во Израел на дополнително испрашување.

Израелската војска изврши рација во болницата откако разузнавачките служби покажаа дека оперативците на Хамас, вклучително и команданти, се вратиле во комплексот за да го користат како команден центар за планирање напади врз Израел и израелските трупи во Газа. ИДФ, исто така, соопшти дека го нападнала влезот во подземниот тунел на Хамас во северниот дел на Газа, кој беше идентификуван откако во вторникот беше истрелана ракета врз Сдерот во Израел, а која падна во Газа.

Израелската армија исто така објави дека нападнала шестчлена ќелија на Хамас во областа Џабалија во северна Газа.

Слични содржини