Израел протестира поради заканата на Ердоган „да го испрати Нетанјаху кај Алах“

од Симе Стоиков

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац денеска го повика заменик-амбасадорот на Турција на разговор бидејќи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рече дека израелскиот премиер Бенјамин „ќе го испрати Нетанјаху кај Алах“.

„Им наложив на функционерите на Министерството да го поканат заменикот на турскиот амбасадор на разговор за да се изрече сериозен протест, по нападот на Ердоган врз премиерот Нетанјаху и заканата дека ќе го испрати Нетанјаху кај Алах и ќе му пренесе јасна порака на Ердоган“, објави министерот Кац на платформата Х.

Министерот рече дека „нема таков бог кој ќе ги слуша оние кои ги поддржуваат злосторствата против човештвото извршени од Хамас“, за кој рече дека е „варварски пријател“ на Турција.

„Вие кои поддржувате палење бебиња, убијци, силувачи и осакатување на трупови од страна на криминалците на Хамас сте последни кои можете да зборувате за Бога“, додаде министерот со пораката: „Ќутете и засрамете се!“.

Ердоган вчера изјави дека ќе го испрати „Нетанјаху кај Алах да се погрижи за него да го направи мизерен“.

Слични содржини